Трагедија во Индија: Се преврте чамец, има жртви и исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска, а 17 се водат за исчезнати во несреќа кога чамец со десетици патници се преврте во реката Јамуна во северна Индија, соопшти државната полиција на Утар Прадеш.

Претставник на полицијата изјави дека спасувачите се уште ја пребаруваат надојдената река по преживеаните од несреќата во четвртокот, но мали се шансите некој да преживее, пренесува „Ројтерс“.

„Телата на две жени и едно дете беа извлечени во спасувачка операција во која беа вклучени полицијата, спасувачите и силите за одговор при катастрофи.

Како што е соопштено за „Ројтерс“, спасени се 15 патници.

Локален полицаец изјавил дека на чамецот имало повеќе од 30 луѓе.

Слични содржини