Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за Русите.
Поранешниот боксерски шампион е познат уште од почетокот на руската специјална воена операција во Украина како еден од најголемите критичари на претседателот на најголемата земја во светот Владимир Путин, кој добива се поголема поддршка во својата земја.
– Руските граѓани се борат во Украина, мачат и убиваат мирни Украинци и деца, ги уништуваат нашите градови и села. Мнозинството руски граѓани би ја поддржале политиката на Путин и неговите крвави империјални амбиции – рече Кличко, оправдувајќи го својот повик за замрзнување на издавањето на визите.
Како казна за специјалната воена операција, украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна побара ЕУ да престане да издава визи за Русите. Сепак, Шолц се изјасни против предлогот во четвртокот.