Русија ќе возврати за протерувањето на уште еден руски дипломат од Црна Гора, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Претходно денеска црногорското Министерство за надворешни работи соопшти дека дипломат на руската амбасада во Црна Гора е прогласен за персона нон грата.