149
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил упати сочувство до премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
„Сочувство до семејствата и сите кои ги сакаат трагично погинатите во немилиот настан во Црна Гора.Сочувство до црногорскиот народ и мојот драг пријател премиерот Дритан Абазовиќ“, напиша Битиќи.
Во масакрот во Цетиње според неофицијални информации настрадаа 11 лица, меѓу нив и деца а повредени се најмалку 6, од кои три се потешко повредени и се наоѓаат во Општата болница Цетиње.
Тие се на одделот за хирургија и лекарите се борат за нивните животи.