Лејди Гага се обиде незабележано да влезе на нејзиниот концерт (ФОТО)

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Маскираната Лејди Гага сакала незабележано да пристигне на нејзиниот концерт, но папараците и го расипале планот.

Имено, Лејди Гага отишла на својот концерт во Њујорк, каде не сакала да го привлече вниманието на минувачите.

Очигледно сакајќи да се скрие од љубопитните погледи на фотографите и обожавателите, русокосата носеше долг црн капут, црна капа и очила за сонце.

И покрај темниот стајлинг, кој поради палтото ги потсети фановите на актерите од The ​​Matrix, таа не побегна од камерите на фотографите.

Како изгледаше Гага во обидот за камуфлажа, погледнете подолу:

Слични содржини