206
Известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на својот Твтитер профил порача дека Македонија останува на Евроатлатскиот пат во мир и стабилност.
– Денеска се одбележува 21 година од Охридскиот договор кој донесе мир и стабилност во Република Северна Македонија. Духот на овој договор живее до ден-денес, бидејќи Северна Македонија останува на својот Евроатлантски пат. – напиша на Твитер Илхан Ќучук, известувач за Северна Македонија, европратеник и лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.