Поранешниот сопруг на Бритни Спирс осуден за упад во нејзината венчавка

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Џејсон Александер, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, е осуден за неовластен упад, откако непоканет влегол во куќата на пејачката на денот на нејзината венчавка.

Првиот сопруг на Бритни Спирс упаднал во нејзиниот имот пред нејзината венчавка со Сем Асгари, а на обезбедувачот му рекол дека пејачката му се јавила.

Александар првично се изјасни за невин по сите обвиненија поднесени против него по упадот во домот на пејачката во јуни.

Како што пренесе Би-Би-Си, Александар сега ја признал вината, а судијата го осудил на 64 дена затвор, која веќе ја одлежал.

Џејсон бил запрен од обезбедувањето кога ја прескокнал капијата и се обидел да стигне до просторијата каде пејачката се подготвувала за церемонијата, а сè снимил на Инстаграм.

Да потсетиме, Александар помина само 55 часа во бракот со Бритни Спирс, кога нивниот брак беше поништен во 2004 година. Двајцата се познавале уште од детството.

Пејачката сега се омажи за својот долгогодишен партнер Асгари на приватна церемонија во нејзиниот дом на 9 јуни.

Слични содржини