Тренерот на Рајо Ваљекано испиша историја на Примера против Барселона

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Барселона само шести пат во својата историја го започна шампионатот со нерешени 0:0.

Во саботата вечерта на Камп Ноу, Рајо Ваљекано издржа „нула“. Барселона со тој непопуларен резултат го отвори шампионатот по шести пат досега, а само втор пат почна на овој начин на „Ноу Камп“.

Пред Рајо, само Реал Сосиедад извлече „нула“ на отворањето на сезоната во 1968 година во Каталонија.

Со тој резултат синоќа тренерот на мадридскиот тим, Андони Ираола се запиша во историските книги.

Тој стана првиот тренер во Примера кој не примил гол во првите три натпревари на клупата против Барселона.

Слични содржини