183
„Воведуваме авансна исплата на грантовите наменети за млади земјоделци. Почнувајќи од оваа година, младите земјоделци кои ќе аплицираат за грант, ќе бидат исплатени веднаш по склучување на договор за финансиска поддршка во висина до 40%“, изјави на прес Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Грантовите се реализираат преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.