Три лица се ранети во престрелка што се случила во забавен парк во северниот дел на американскиот град Чикаго, пренесува АП.
„Луѓе беа повредени на паркингот на забавниот парк Six Flags Great America во неделата вечерта кога се пукаше од автомобил“, изјави портпаролот на забавниот парк.
Двајца од ранетите се пренесени во болница, додека третото лице одбило хоспитализација.