Индустријата за рударство (копање) на Биткоин претрпе огромни финансиски турбуленции оваа година, бидејќи долготрајниот „мечкин“ пазар директно влијаеше на нивната заработка деноминирана во долари.
Сепак, рударите кои го „преживеаја“ денот со најмал приход во годината, 13 јуни, за еден месец беа сведоци на пораст на приходите од рударството за 68,63 отсто, пишува SeeBiz.
Во текот на годината, приходите од рударството на биткоин паднаа поради мноштво фактори поврзани со расположението на инвеститорите – поттикнати од тензиите поради падот на пазарот, колапсот на екосистемот и инвестициите со загуба. Екосистемот на Биткоин се врати според голем број детерминанти, вклучувајќи ги и приходите од рударите во долари, проблемите на мрежата и распространетоста.
Податоците од blockchain.com потврдуваат дека приходите од рударството на БТК скокнале за речиси 69 проценти за само еден месец – од 13,928 милиони долари на 13 јули на 23,488 милиони долари на 12 август. Значителниот пораст на овие приходи уверува дека ископувањето биткоин е остварлив бизнис и покрај високите оперативни трошоци.
Покрај тоа, пониските цени на опремата за „копање“ (GPU) им овозможија на рударите на БТК да ја прошират својата инфраструктура во обид да ги ископаат последните два милиони БТК.
Заедно со приходите од рударството, хаш-стапката на Биткоин се зголеми за повеќе од 10 проценти во текот на изминатиот месец, зголемувајќи ја отпорноста на мрежата на напади со двојно трошење. Сепак, како резултат на тоа, тешкотијата на мрежата – мерка за тоа колку е тешко да се ископува нов БТК блок – се зголеми за прв пат од јуни.