„Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена и самостојна држава е нападната, Украина, треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини ја донесовме одлуката за воена поддршка на Украина, во опрема, затоа што Украина е државата што беше нападната“, изјави денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска во врска со помошта која ја дадовме за Украина.
Деталите во врска со видот и количината на донацијата ќе биле откриени пред јавноста кога документите ќе се декласифицираат.
Таа не прецизираше за каква точно воена опрема станува збор.
– Едната одлука е за тенковите кои веќе граѓаните ги видоа на патиштата низ Македонија. Транспортот на тенковите беше видлив, но ние нема сега да соопштуваме за колкава количина на воена опрема станува збор, истакна Петровска.
Додаде дека новите 6 оклопни транспортери од американско потекло ќе бидат изложени на празникот на армијата, а најави дека до крајот на годината ќе пристигна уште 27 оклопни возила.