Дебакл доживеаја лажните вести и дезинформации пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно бришење или менување на историјата се потопени, стои во реакцијата на СДСМ.
-Нема никаква асимилација, нема никаква бугаризација со кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеше граѓаните, затоа денеска се нервозни во белиот дворец, затоа што не им успеа да го излажат народот.Препораките на Комисијата се на принцип на реципроцитет и тие не задираат во идентитетот и тоа не може да го промени ниту една лага, ниту едно нервозно соопштение од белиот дворец.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа и останаа на спротивната страна од државните и националните интереси, велат од владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на денеска објавените досега усогласените препораки во македонско-бугарската историска комисија.
-Според препораките, Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне? Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава,се вели во писмената реакција.