Германија најави воведување данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, со цел да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас.
Високите цени на енергијата станаа доминантна политичка тема во најголемата европска економија, затоа што трошоците за живот вртоглаво растат, а една од причините е и војната во Украина. Данокот го одреди Trading Hub Europe, тело основано од разни дистрибутери на гас во земјата.
Надоместокот е наменет за да им се помогне на увозниците на гас, што мора да купуваат поскап од добавувачи надвор од Русија и трпат огромни загуби. Официјално во сила ќе биде од 1 октомври, но, не се очекува да влијае на сметките за гас до ноември или декември поради регулативи што ги штитат потрошувачите од промени на цени.