Повратникот во Премиер лигата, Нотингем Форест продолжува да работи на засилување на својот тим. Досега, клубот потроши над 100 милиони фунти на својата селекција, привлекувајќи 15 фудбалери, вклучувајќи и некои прилично сериозни имиња како Џеси Лингард, Дин Хендерсон, Ремо Фројлер, Емануел Денис, Шеику Кујате и други. Сепак, клубот има планови да продолжи со трансфери, а друго име се поврзува со преселба на „Сити Граунд“ е Усем Ауар од Лион, пренесе „Sky Italia“.
На 24-годишниот плејмејкер пред извесно време му пристапија од Арсенал, но договор никогаш не беше постигнат. Тој беше поврзуван и со други елитни тимови како Јувентус, Атлетико Мадрид и Бетис. Сепак, Нотингем сега се чини дека е фаворит за негов потпис, а договорот меѓу двата клуба е блиску до финализирање.
Ауар е дете на Лион и целата негова досегашна кариера ја мина во овој клуб, со 215 настапи, 40 гола и 35 асистенции за „децата“. Може да игра во центарот на теренот, зад напаѓачот и на левото крило.
Договорот на играчот од средниот ред истекува во 2023 година и засега тој одбива повторно да потпише. Ова е и причината поради која Лион е склон да се раздели со него. Во моментов неговата цена е околу 25 милиони евра.