Лазањи со зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Многу вкусни лазањи за љубителите на зеленчук.

Состојки:

(за 6 лица)

– 300 гр листови лазања

– 600 гр модар патлиџан

– сол, по вкус

– 300 гр тиквички

– 300 гр домати

– 3 лажици маслиново масло

– 300 гр моцарела

Бешамел:

– 60 гр путер

– 60 гр брашно

– околу 1,2 л млеко

– сол, бибер по вкус

– 1 морско оревче

– 50 гр рендан пармезан

Подготовка:

Измијте го модриот патлиџан, исечете го по должина на листови со средна дебелина, посолете малку и оставете го да отстои околу 15 минути, а потоа исушете го со хартиена крпа.

Тиквичките и доматите исечкајте ги на прстени. Во тава со малку масло пропржете ги модрите патлиџани и тиквичките, па изладете ги.

Бешамел:

Во путерот кратко пропржете го брашното и со постојано мешање постепено додавајте го млекото.

Посолете, побиберете, додадете рендано морско оревче и гответе на умерена температура неколку минути. На крајот додадете го пармезанот.

На дното на огноотпорен сад ставете малку бешамел. Врз бешамелот распоредете дел од листовите лазањи, подготвени според упатството на пакувањето, а потоа дел од приготвените модар патлиџан и тиквички. Сол по вкус

Потоа распоредете ја моцарелата исечкана на прстени и прелијте ја со бешамелот.

Започнете го вториот слој со лазањи, распоредете ги модрите патлиџани и тиквичките и исечканите домати. Посолете по вкус и ставете ги прстените од моцарела. Покријте го овој слој со малку бешамел.

Третиот слој повторно започнете го со лазања, а одозгора ставете го преостанатиот модар патлиџан со тиквички и исечкана моцарела. Завршете со лазањи и бешамел.

Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.

Изладете ги малку лазањите, исечете ги и послужете.

Слични содржини