Манчестер Сити и официјално го објави трансферот на левиот бек Серхио Гомез, кој доаѓа од Андерлехт за 11 милиони фунти. 21-годишниот Шпанец потпиша четиригодишен договор и стана петтото ново засилување на шампионот ова лето, по Ерлинг Халанд, Калвин Филипс, Стефан Ортега и Хулијан Алварез, кој потпиша во јануари, но им се приклучи на „граѓаните“ ова лето.
Минатата сезона, Гомез, кој исто така дојде од академијата на Барселона, забележа 49 настапи во сите натпреварувања за белгискиот тим на легендата на Сити, Винсент Компани.
На стартот од преодниот рок, Пеп Гвардиола сакаше да го доведе Марк Кукуреља на оваа позиција, но откако Сити не се договори со Брајтон за цената на Шпанецот, кој потоа замина во Челаи, менаџерот на „граѓаните“ се сврте кон Гомез.
„Исклучително сум горд и среќен што доаѓам во Манчестер Сити. Ова е најдобриот тим во Англија и имам шанса да учам и да се развивам под водство на најневеројатниот менаџер на целиот свет – Пеп Гвардиола. Да бидам дел од овој клуб е остварување на сонот за мене“, изјави Гомез за веб-страницата на Сити.