Поминаа повеќе од два месеца откако актерката Амбер Херд го загуби судењето против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, но таа не престанува да се обидува да ја сврти ситуацијата во своја полза.
Таа реши да ја продолжи борбата против познатиот актер, па и официјално поднела жалба на пресудата, како што пренесуваат странските медиуми.
Херд ангажираше и нов тим на адвокати „Ballard Spahr“, кој ќе продолжи да го води целиот случај против нејзиниот поранешен сопруг и неговата тужба за клевета.
Во соопштението за медиумите, адвокатите истакнаа дека овој случај им е важен, бидејќи „се работи токму за она за што тие се борат“, пишува „Е!Њуз“.
„Уверени сме дека Апелациониот суд ќе си ја заврши работата како што треба. Овде нема да се зборува за нечија популарност, ниту такви работи ќе имаат некаква улога во приказната“, нагласија адвокатите, додека Амбер, како што се наведува, најави и нови докази против Џони Деп.
Што се однесува до нејзиниот претходен адвокатски тим, Бен Ротенборн ќе продолжи да ја застапува Амбер, но како соработник, додека Елејн Бредехофт ќе го напушти својот тим.
„Ова е одлично време за предавање на штафетата“, изјави таа за споменатите медиуми.