Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк паднаа во вода. Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваа, клеветеа, ширеа вознемиреност меѓу граѓаните, за да на крајот нивните лаги пукнат како меур од сапуница, вели на прес Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
„Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, стана јасно дека во препораките нема ништо спорно и затскриено.
Станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.
Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада“, тврди таа.