Напаѓачот на Лион, Муса Дембеле е уште една опција за нападот на Манчестер Јунајтед. Според „Манчестер Ивнинг Њуз“, раководството на „црвените ѓаволи“ веќе е во контакт со претставниците на играчот и клубот ќе се обиде да го ангажира пред крајот на летниот преоден рок.
Договорот на 26-годишниот Делбеле со Лион истекува по една сезона, па францускиот клуб има причина да го продаде ова лето, наместо да го пушти за ништо за една година. Французинот веќе ја одби понудата од Евертон во овој преоден рок, додека шпанска Валенсија исто така не успеа да го убеди да се приклучи на „Местаља“.
Дембеле минатата сезона за Лион постигна 22 гола на 36 натпревари.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, очајно бара напаѓач пред затворањето на прозорецот и секојдневно медиумите шпекулираат со многу имиња на офанзивни играчи кои се во видното поле на 20-кратниот шампион на Англија.