Петровска најавува модернизација на армијата со хеликоптери и оклопни возила

од Берта Китинска
232 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави набавка на хеликоптери и оклопни возила за македонската армија.

Таа посочи дека хеликоптерите се со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила.

– Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска во вестите на Сител.

Слични содржини