Советникот на Зеленски откри дека Украина има нова воена стратегија

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Михаил Подољак откри дека Украина има нова воена стратегија и дека „создава хаос во внатрешноста на руските сили“.

Во ексклузивното интервју за „Гардијан“, Подољак рече дека може да има повеќе напади во „следните два или три месеци“ слични на вчерашните мистериозни напади на железничка раскрсница и воздушна база на Крим.

Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападите, а Русија рече дека пожарот во вторникот бил предизвикан од експлозии во складиште за муниција во областа Џанкој, Подољак инцидентот во Џанкој го нарече „потсетник“ дека „во окупираниот од Русија Крим, има експлозии во магацин и голем ризик од смрт за напаѓачите и крадците“.

„Нашата стратегија е да уништиме логистика, линии за снабдување и складишта за муниција и други објекти од воената инфраструктура. Тоа создава хаос во нивните редови“, рече Подољак.

Слични содржини