Битиќи за исвиркувањето на македонскиот јазик: Живееме во општество на голема недоверба

од Берта Китинска
150 прегледи

Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко. Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностие. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на „Едно општество’“, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Според него во време на криза предвремни избори не се потребни.

„Уште во 2020 година кога ми беше дадена можноста да бидам вицепремиер, кажав дека во период на криза сите треба разумно да се однесуваме. Сметам дека наместо да повикуваме на избори и референдум, треба заедно да седнеме и да видиме кои се решенијата за излез од кризата“, нагласи Битиќи.

Слични содржини