Ако не штедат струја, раководителите на институциите може да ја изгубат работата

од Берта Китинска
277 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја.

Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување.

Според вицепремиерот, рестрикции на струја засега нема да има и не се превидени.

„Нашето однесување не може да биде како што било некогаш. Лагодноста може ќе ја изгубиме, но тоа е новиот начин на живеење на кој ќе мора да се прилагодиме“, рече Битиќи во „Жешко политичко лето“.

Слични содржини