Градоначалникот на Венеција изјави дека е во потрага по „двајца препотентни идиоти“ кои биле снимени како се лизгаат по Големиот канал на даски за сурфање.
Младите беа забележани како избегнуваат гондоли и водни автобуси додека се движеа по главната сообраќајница во Венеција во четвртокот наутро. Сцената ја снимиле неколку зачудени гледачи.
Едно од видеата што е широко распространето на Интернет беше објавено од Луиџи Брунјаро, градоначалникот на Венеција, на Твитер.
Ecco due imbecilli prepotenti che si fanno beffa della Città… chiedo a tutti di aiutarci a individuarli per punirli anche se le nostre armi sono davvero spuntate… servono urgentemente più poteri ai Sindaci in tema di sicurezza pubblica!
A chi li individua offro una cena! pic.twitter.com/DV2ONO3hUs— Luigi Brugnaro (@LuigiBrugnaro) August 17, 2022