Шест лица загинаа во руското гранатирање на Харков

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени во руското гранатирање на Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов.

„За жал, бројот на загинати и ранети во гранатирањето на населбата Салтивка се искачи на шест, а 16 се повредени“, објави Синехубов на Телеграм.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изрази жалење поради жртвите.

„Ова е подмолен и циничен напад врз цивили без оправдување, што докажува дека агресорот е беспомошен. Не можеме да простиме. Ќе му се одмаздиме“, рече тој на Телеграм.

Слични содржини