Русија: За утре се подготвува провокација во нуклеарната централа Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Министерството за одбрана соопшти дека Украинците подготвуваат провокација во нуклеарната централа Запорожје.

Како што пренесува „Спутник“, официјален Киев наводно планира да изврши провокација при посетата на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„Режимот во Киев планира напад врз централата во Запорожје на 19 август за време на посетата на генералниот секретар на ОН. Како резултат на провокацијата, Русија ќе биде обвинета за предизвикување на катастрофата во електраната“, соопштија од руското министерство за одбрана.

Во близина на нуклеарната централа Запорожје се водат борбени операции, а руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за загрозување на работата на централата и за зголемување на ризикот од нуклеарна катастрофа.

Слични содржини