269
Поднесени се над 50 барања за проценка на штети по невремето што го зафати Неготино во вторникот попладне, информираат од неготинската локална самоуправа.
-Страшното невреме што ја зафати нашата општина предизвика големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини.
Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општината Неготино формираше комисија за проценка на штети која работи на терен, соопштуваат од локална самоуправа Неготино.
Во невремето проследено со силен ветер и дожд, настрадаа повеќе кровови од семејни куќи во градот и селото Тимјаник.