Во поплавите предизвикани од обилните врнежи во западната кинеска провинција Кингхаи загинаа 16 лица, а 36 се водат како исчезнати, јавуваат кинеските медиуми, пренесува „Ројтерс“.
Обилните и ненадејни дождови во автономната област Датонг Хуи и Ту, со 403.368 жители, во провинцијата Чингхаи, кои почнаа вчера, предизвикаа поплави во планините и предизвикаа лизгање на земјиштето, јави кинеската државна телевизија.
Реките се излеаа од коритата и ги поплавија селата и градовите, а повеќе од 6.200 луѓе беа погодени од поплавите.
Според извештајот, локалните власти испратиле спасувачки тим од 2.000 луѓе и повеќе од 160 возила за итни случаи.
Кина од јуни се бори со екстремни временски услови, од топлотни бранови до рекордни поплави, наведува британската агенција.