Чориќ со трета победа над Надал во кариерата!

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ оствариголема победа над Рафаел Надал 7:6 (9), 4:6, 6:3 и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати.

Чориќ прикажа завидно ниво на игра против Надал во одличен меч кој траеше речиси три часа.

Хрватот имаше 33 неизнудени грешки, Надал шест помалку, но Борна имаше 36 винери, додека Надал застана на 21.

Тој сега има позитивен скор против Надал (3-2), а за четвртфиналето ќе игра против уште еден Шпанец – Роберто Баутиста-Агут.