Митовски: Министерството за култура не мора да префрла пари за „Џој Фест“, и онака не се доволни

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.

–Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, “Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени, вели Митовски.

Слични содржини