Украинки повикани на воена служба од први октомври

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Украинките кои се регрути мора да се пријават за воена служба од 1 октомври, но нема веднаш да се применат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на украински медиуми.

„Жените регрути ќе мора да се пријават за воена служба од 1 октомври. Тоа се државјани на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применуваат за жените кои не се пријавиле“, објави агенцијата УНИАН, повикувајќи на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина.

Претходно, Генералштабот на украинската армија соопшти дека жените ќе бидат вклучени во воената евиденција само со нивна согласност.

Слични содржини