Руската Федерална казнена служба испраќа комисија што ќе ја истражи смртта на Навални

од Radmila Tasevska

Федералната казнена и поправна служба на Русија испрати комисија во казнената колонија на Јамал за да ги истражи околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, се вели во соопштението на таа служба.

„Поради ненадејната смрт на осуденикот Алексеј Навални во затворот ИК-3 во автономниот регион Јамало-Ненец,  е испратена комисија до територијалната власт и институцијата “, се наведува во соопштението.

Слични содржини