185
Во Брисел заврши првата трилатерална средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и европските посредници во дијалогот Жосеп Борел и Мирослав Лајчак, а веднаш потоа започна денешната втора одвоена средба на Вучиќ со Борел и Лајчак, потврдија за „Танјуг“ од дипломатски извори во Брисел.
На трилатералната средба присуствуваше и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Пред таа средба Вучиќ и Курти разговарале одвоено.
Во тек е уште еден заеднички напор меѓу ЕУ и САД за да се постигне напредок во дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.