ПСЖ не ги исполнил ветувањата, Мбапе се чувствувал отфрлено

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Во ПСЖ има драматична ситуација поради врската на Килијан Мбапе и Нејмар. Тоа ескалираше во саботата во првенствената победа на ПСЖ над Монпелје со 5:2. Француските медиуми пишуваат дека по натпреварот Нејмар и Мбапе имале голема пресметка. За малку ќе се скараа кој да ги изведува пеналите. Конфликтот толку многу ескалирал што соиграчите морале да ги разделат.

Бразилскиот „ТНТ Спорт“ пишува дека ден потоа во ПСЖ се одржала средба меѓу Мбапе и Нејмар под водство на спортскиот директор Луис Кампос. „Le Parisien“ тврди дека Мбапе бил бесен по средбата бидејќи очекувал челниците на клубот да застанат на негова страна.

Бразилците додаваат дека Мбапе очекувал да биде најголемата ѕвезда во тимот и дека сите ќе се прилагодат на него. Моќта што му е дадена вознемирило некои играчи, а Мбапе сега се чувствува исфрлен од остатокот од тимот.

ПСЖ со новиот договор му вети на Мбапе некои работи кои досега не се исполнети. Тој побарал да ги изведува сите пенали, а Нејмар му зема еден против Монпелје. Францускиот напаѓач побара од клубот да го продаде Нејмар, но Бразилецот остана и почна да игра брилијантно.

Мбапе сака да биде единствената вистинска ѕвезда во тимот и оној кој ќе ги завршува сите опасни акции. Во исто време, тој воопшто не сака да игра одбрана. Тоа се уште не му се остварило, па тој е лут и покрај платата од милион евра неделно, колку што заработува според новиот договор во парискиот клуб.

Слични содржини