ПСЖ подготвува понуда за Силва, но Сити нема намера да го пушти

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Пари Сен Жермен подготвува понуда од 60 милиони фунти за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, кој е трансфер цел и на Барселона. Сепак, според „Sky Sports“, оваа понуда воопшто нема да биде разгледана, не само затоа што понудата делува премногу скромно, туку и затоа што „граѓаните“ веќе немаат намера да се разделат со Португалецот откако започна сезоната.

На почетокот на кампањата, менаџерот на шампионите, Пеп Гвардиола, најави дека би сакал Силва да остане, но ќе го пушти да си замине доколку тоа е негова желба. Барселона имаше сериозен интерес, но никогаш не даде официјална понуда поради тоа што клубот се уште не може да го продаде Френки де Јонг, со парите од кои ќе го финансира трансферот на Силва.

Од „Етихад“, исто така, ставија цена од 100 милиони фунти за играчот, со што практично стави крај на интересот на Барселона, барем во однос на летниот преоден рок.

Според „Sky Sports“, ниту Силва ниту неговите претставници официјално не му соопштиле на клубот дека Португалецот сака да си замине.

Слични содржини