Три лица загинаа, а 17 се ранети во ракетниот напад врз Харков

од Берта Китинска
207 прегледи

Тројца цивили загинаа, а 17 се ранети во ракетен напад на руските сили денеска пред зори на Харков, на североистокот на Украина, соопшти локалната служба за итни случаи.

Се наведува дека 40 спасувачи работеле на санирање на последиците од нападот и дека од урнатините биле спасени осум лица, пренесува Ројтерс.