140
Хади Матар (24), кој е обвинет за прободување на писателот Салман Ружди во американската сојузна држава Њујорк, се изјасни за невин за обид за убиство и напад од втор степен.
Судот одлучи да го задржи во притвор без кауција.
Матар е обвинет дека го повредил Ружди минатата недела пред авторот на „Сатански стихови“ да одржи предавање во образовен центар во близина на езерото Ири.
Ружди беше хоспитализиран со тешки повреди, а писатели и политичари од целиот свет оценија дека ова е напад на слободата на изразување.
Доколку биде прогласен за виновен, на Матар му се заканува затворска казна до 25 години.
Неговото следно судење е закажано за 22 септември.