Мерките и политиките на институциите предводени од СДСМ и во време на глобална криза даваат резултати, платите и пензиите растат, се отвораат нови работни места.Според последните податоци на државниот завод за статистика процечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година, вали Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој потенцира дека во изминатите 4,5 години двојно е зголемена минималната плата, просечната плата се зголеми за околу една третина, на над 500 евра .
-Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори.Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита.Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.Се грижиме и за пензионерите.Пензиите во последните четири и пол години се зголемени за над 2.000 денари, а од септември, благодарение на новата методологија, следува ново историско покачување на пензиите.Во рамките на нашите заложби за заштита на стандардот на граѓаните, секој пензионер со мартовската, априлската и мајската пезнија доби по 1.000 денари помош, вели Каевски.