Премиерката на Финска: Никогаш во животот не сум се дрогирала

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Финската премиерка Сана Марин денеска изјави дека била тестирана на дрога, по објавувањето на видеото на почетокот на неделава од забавувањето со пријателите и нагласи дека никогаш во животот не се дрогирала.

„Денеска се тестирав на дрога и резултатите ќе стигнат за седум дена. Никогаш во животот не сум се дрогирала“, изјави Марин на прес-конференцијата.

Таа додаде дека нејзината способност да ги извршува своите должности не била нарушена ноќта на забавата и дека би го напуштила собирот доколку било потребно да изврши некоја работа.

Видеата од Марин како се забавува со познати фински уметници почнаа да кружат на социјалните мрежи оваа недела, а беа објавени и од медиумите во Финска и во странство.

Политичарите од владејачката коалиција и опозицијата тогаш ја повикаа Марин да биде тестирана на дрога.

Слични содржини