Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Касемиро

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид експресно постигнаа договор за трансферот на Касемиро, па вечерва „црвените ѓаволи“ го потврдија пристигнувањето на Бразилецот.

Премиерлигашот ќе му плати на Реал околу 60 милиони фунти, со опција за дополнителни 10 милиони во вид на бонуси.

Касемиро нема да биде навреме регистриран за понеделничкиот дуел со Ливерпул и ќе може да дебитира во следното коло, против Саутемптон.

Слични содржини