Три малолетници се борат за живот по тешката сообраќајка на Водњанска

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Три од четирите деца кои со „форд мондео“ околу 4.30 по полноќ се забиле во метална бандера и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, познат како „Водњанска“, се со многу тешки повреди и во животна опасност, потврдуваат за Канал 5 од ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Двајца од нив се во операциона сала, а лекарите се борат за да ги спасат нивните животи, велат оттаму.

Во меѓувреме, петнаесетгодишникот кој го управувал возилото е во стабилна состојба и завршил само со скршеници на подколеницата, информираат од „Осми септември“, градската болница каде тој бил донесен по незгодата.

Слични содржини