Зеленски: На Русија и се потребни гасоводи за да ја снабдува Европа со проблеми

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, оцени дека на Русија и се потребни гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 за, како што наведе, да ја „снабдува“ Европа со проблеми.

– На Русија и се потребни „текови“ за да ја снабдува Европа со проблеми, а не да и помага со гас – рече Зеленски во видео-обраќање, пренесе „Интерфакс Украина“.

Зеленски смета дека колку подолго „терористичката држава“, како што ја нарече Русија, е присутна на европскиот и светскиот енергетски пазар, толку подолго нема да има стабилност на пазарот.

– И колку побрзо сите во Европа ги подготвуваат своите енергетски системи за воопшто да не добиваат енергија од Русија, толку побрзо ќе можат да ја чекаат секоја зима во мир – рече Зеленски.

Слични содржини