Украински дронови стигнаа до најголемиот град на Крим, погодено е седиштето на Црноморската флота! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Украина утрово го нападна седиштето на Црноморската флота на Крим! И, како што изгледа, нападот е успешен, како што признаа и Русите.

Црн чад извира од пристаништето во Севастопол, а нападот го извршил дрон. Наводно, Русите со сите сили се обиделе да го соборат дронот, но нивните напори биле залудни.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Равожев го потврди нападот, пишувајќи на Телеграм:

– За жал, дронот не беше соборен. Леташе ниско, не успеавме да го погодиме. Немаше жртви!