Уште еден клуб заинтересиран за Белерин

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин има се повеќе додворувачи. Се очекува 27-годишниот десен бек во секој момент да го раскине договорот со „топчиите“ и да стане слободен играч, што го прави толку посакуван на пазарот. Сега италијански Удинезе е подготвен да се вклучи во битката за неговиот потпис, според „Скај Спортс“.

Белерин минатата сезона ја мина на позајмица во Бетис, каде што настапи многу силно. Желбата на фудбалерот е повторно да го облече тимот на Севиља, која исто така сака да го врати во својот тим.

Во меѓувреме, сепак, интерес за Белерин има и од Барселона, а тоа може да ги промени плановите на дефанзивецот и тој да реши да си ја проба среќата на „Камп Ноу“. Не е за потценување фактот дека Шпанецот е дете на Каталонците.

Во позадина на ова, Удинезе се чини дека е аутсајдер во битката за потписот на Белерин. Сепак, клупските шефови размислуваат да дадат понуда за фудбалерот, со надеж дека ќе биде подобра од оние на другите два клуба.

Слични содржини