Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во двојна несреќа во близина на јужниот турски град Газиантеп, соопштија локалните власти во саботата.
Тројца пожарникари, четворица членови на брзата помош и двајца новинари се меѓу 15-те загинати, соопшти гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.
Спасувачките служби прво пристигнале на автопатот на местото на несреќата на минибусот, а потоа во нив удрил патнички автобус.
Автобусот се превртел и се лизнал 200 метри, при што удрил во екипа на брза помош и медиумска екипа.
Загинаа двајца новинари на новинската агенција ИХА.
НТВ емитува снимка од местото на несреќата на која се гледа како жртвите се извлекуваат од автобусот, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“.
„Многу е лошо, како да сме во војна. Изгубивме двајца колеги“, рече Саид Вакас, дописник на ИХА за Газиантеп, град во близина на сириската граница.
BREAKING: 15 are dead and 22 injured in a road accident in Southeast Turkey on Saturday when an ambulance, a firefighting lorry and a bus carrying journalists were hit by a passenger bus. #roadaccident #Turkey pic.twitter.com/6rV3uBzCox
— BNN Newsroom (@BNNBreaking) August 20, 2022