184
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил напиша „Двојна победа!“
Според него, ВМРО-ДПМНЕ води 2:1 пред СДСМ додека пак БЕСА убедливо води пред ДУИ.
„Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ убедливо е поразена во Тетово.Тетовчани им кажаа НЕ на криминалците од власта. Власта е делигитимирана во Тетово. Ковачевски и Ахмети немаат легитимитет понатаму да продолжат да ја водат владата.Ковачевски и Ахмети делегитимирани сте. Оставка од Ковачевски веднаш! Предвремени парламентарни избори час поскоро.Резултатите од Тетово ќе се пресликаат и во цела Република Македонија“, пишува Ковачки.