„Тоа е демократијата, треба да се почитува“, кажа по завршувањето на гласањето за избор на нов општински совет во Тетово, лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Тој изјави дека кандидатите од неговата партија освоиле 7.706 гласови, а дека листата на Беса има добиено 8.341 гласови, истакнувајќи дека излезноста била многу ниска.
– Неизлезноста е многу висока на овие избори, за жал и во погрешно време, но ова е демократија и ние ја почитувавме. ДУИ досега има добиено 7.706 гласови, Движењето Беса 8.341, ДПА 788, Алијанса за Албанците 614, Алтернатива 699, ВМРО-ДПМНЕ 2.169, СДСМ 1.316, листата „За подобро Тетово“ 414, Левица 347, Партијата на Турците 164, Партијата на Ромите 104 и Интегра 94 гласови“, рече тој.
За нас, потенцира Ахмети, најважни се процесите, најважно е и понатаму да продолжуваме да инвестираме во демократски стандарди, почнувајќи од изборните процеси до владеење на законот, на правната држава.