181
Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.
Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.
Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ.