Елтон Џон го најави својот долгоочекуван дует со Бритни Спирс и ги воодушеви обожавателите.
Имено, песната „Tiny Dancer“ е преработка на неговиот хит од 1971 година. Со овој дует Бритни се враќа на сцената по седумгодишна пауза.
„Ова беше негова идеја, а Бритни го сака. Тие снимија преработка на легендарниот сингл „Tiny Dancer“ и навистина звучи неверојатно. Тие работеа со продуцентот Ендру Ват“, рекол претходно неименуван извор.
Песната ќе биде објавена на 26 август.
Бритни на својот Инстаграм профил објави, не криејќи го воодушевувањето дека добила можност да соработува со легендарниот музичар.
„Благодарам на сите кои ми испратија зборови за поддршка. Тоа навистина ми значи. Едвај чекам сите да ја слушнете песната на која работевме заедно“, напиша таа.
@eltonjohn #HoldMeCloser with @britneyspears. Coming August 26 🌹🚀 #newmusic #electronic #remix ♬ Hold Me Closer – Elton John & Britney Spears